Menu

Врњачка Бања 1ви Мај – Хотел Фонтана

цена од

179

EUR

сега од

159

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
01.05.2026
03.05.2026
Автобус
Хотел

Врњачка Бања е градска населба во Србија во Рашката област. Тоа е и најголемата бања во Србија . Според пописот од 2011 година во самата Врњачка Бања имало 10.065 жители (според пописот од 2002 година имало 9.877 жители, додека на подрачјето на општината која зафаќа 239 км2), во 14 населени места, според пописот од 2011 година, има 27.332 жители.Тоа е околу 200 јужно од Белград , 25 од Краљево и 11 од Трстеник. Се наоѓа помеѓу планината Гоч  и  Западна Морава . Врњачка Бања е туристичко место од прв степен, центар на интегрален туристички регион, сместен на 43°37 ‘северна географска широчина и 20°53’ источна географска должина. Бањската населба е делумно на северните падини на планината Гоч, која припаѓа на шумско-планинскиот комплекс составен од Копаоник , Јастребац  Столови и Жељин, кон Западна Морава и јужните падини на планините Гледиќ.

 

Што е вклучено во цената

2 ноќевања со појадок
Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
 Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Што не е вклучено во цената

Доплата за туристичка такса 3€ вкупно за 2 ноќи по лице (доплата во агенција); 

Задолжително патничко и здравствено осигурвање;

 Факултативна посета на манастирот Жича 15€ (доплата на лице место)
Доплата за еднокреветна соба 40€ на цената на аранжмано

План и програма

Прв Ден - 01,05,2026 (Петок) СКОПЈЕ-ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот.

Ноќевање.

Втор Ден - 02,05,2026 (Сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  Ноќевање.

Трет Ден - 03,05,2026 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел Фонтана со 4*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– деца до 5.99 год. со двајца родители – гратис (спијат заедно со родителите) само плаќаат такса и доплата за превоз 35евра;
– деца од 5.99-12 год во посебна соба и плаќаат целосна сума;
-Доплата за туристичка такса 3€ вкупно за 2 ноќи по лице (доплата во агенција); 
 -Намалување за сопствен превоз -15€/ по патник;
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативна посета на манастирот Жича (доплата на лице место)

Цена за пакет: 15€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

499

EUR

сега од

449

EUR