Menu

Велигден на Остров Крф 2026-та хотел Silver Beach Hotel 3*- Roda

цена од

399

EUR

сега од

299

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.04.2026
13.04.2026
Автобус
Хотел

Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за Велигденските денови? Прославата на Велигден кој е на ист датум во Грција, како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе Ве воодушеви и ќе Ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставуваме не би пропуштиле едно вакво доживување, Ве очекуваме!

Што е вклучено во цената

 

  • 3 ноќевања во хотел Silver Beach Hotel 3*- Roda на база полупансион
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
  • Трансфер од Велес, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
  • Туристички пратител во текот на целиот престој
  • Велигденски ручек

Што не е вклучено во цената

 

  • Туристчка такса за хотелско сместување -околу 15 евра од соба за 3 ноќи
  • Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис) – 50 евра по лице
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба во хотел 120е дополнително од сумата на аранжманот.

План и програма

ПРВ ДЕН 09.04.2026 (четврток)

Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОРИ ДЕН 10.04.2026 (петок)

Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови и качување на траект, со кој се упатуваме кон Островот. Пловењето трае околу 1 час и 45 минути. Пристигнување на пристаништето и упатување кон сместувачките објекти. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со пратителот.Вечера. Ноќевање.

ТРЕТИ ДЕН 11.04.2026 (сабота)

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00 часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместување. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 12.04.2026 (недела)

Овој ден е предвиден за факултативната прошетка низ островот Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локација ќе ви го привлече вниманието. Следува Велигденски ручек во таверна.Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 13.04.2026 (понеделник)

Напуштање на собите  до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време. Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Silver Beach Hotel 3*- Roda

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Доплата за еднокреветна соба во хотел 200е дополнително од сумата на аранжманот.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Сместувачките капацитети располагат со 1/2 хотелски соби.
  • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
  • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Доплата за дете до 11.99 години – 269 евра, сместување во посебни соби (минимум 2 деца)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Палеокастрица, фабриката Василакис

Цена за пакет: 50e

Факултативниот излет е резервиран за денот Велигден. Првично се упатуваме кон еден од најстарите манастири на самиот остров, тоа е Палеокастрица, со црквата посветена на Пресвета Богородица, секако името го добива по истоимениот залив, еден од најубавите и најмонденски локации на островот Крф. По посетата на манастирот, се симнуваме на плажата Св. Спиридон, која според пишаните истории и легенди, првото место на коешто стапнал на островот е токму таа плажа, во самиот залив на Палеокастрица. По слободното време за кафе или појадок, се упатуваме кон Фабриката Василакис, фабрика која е во сопственост на семејството од 1924 година, со сопствени насади на единствено во Европа органско земјиште, што произведува ликер од Кумкват, кинеското овошје кое успева само во Кина и овде, на островот Крф. Покрај овошјето, се произведува и најчистото ладно цедено маслиново масло, број 1 во светот, наградувано од сите производители низ планетата. Можност да си разгледате, дегустирате и секако да си купите сувенир од оваа продавница по пониски цени.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања