Menu

Рим во Јуни 2025

цена од

569

EUR

сега од

499

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.06.2025
10.06.2025
Авион
Хотел

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 499 
за првите 6 места

РЕДОВНА ЦЕНА : 569 €

 

Што е вклучено во цената

  • Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
  • 3 ноќевања со појадок;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети

План и програма

ПРВ ДЕН (07.06.2025 - сабота) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетување за Рим во 11:35 часот. Пристигнување во Рим во 13:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Во договор со пратителот на групата, можност за ноќна прошетка во центарот на градот.Ноќевање.

ВТОР ДЕН (08.06.2025 - недела) | Рим (Разглед и Ватикан)

Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ – единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (09.06.2025 - понеделник) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)

Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (10.06.2025 - вторник) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (последно кафе или шопинг во Рим) и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:50 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 15:35 часот.   

 

Сместување

Хотел со 3*

Важно

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица.

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. EСКЕЈП ТРАВЕЛ

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)

Цена за пакет: 30е

Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела

Цена за пакет: 70е

Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este

Цена за пакет: 60е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

509

EUR

сега од

459

EUR