Menu

Братислава и Виена за 24ти Мај 2025

цена од

359

EUR

сега од

329

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
23.05.2025
25.05.2025
Авион
Хотел

Продолжениот викенд за 24-ти Мај придружете ни се да ги посетиме двете престолнини на историската Австро-Унгарија.

Братислава порано била позната како Пресбург,градот има богата историја и бил крунисувачки град на унгарските кралеви.Во минатото бил под влијание на Келтите,Римјаните,Германите,Словените и Хабсбурзите.

Виена… била центар на Хабсбуршката монархија и главен град на Австро-Унгарското царство.Богата со барокна архитектура,дворци и историски згради.Дом на многу композитори,уметници и мислители од 18-ти и 19-ти век…..

Што е вклучено во цената

2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR

Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20

Трансфер од аеродром до хотел и назад

Посета и разглед со локален водич на Виена

Посета на Братислава

Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Факултативен ручек во Пивница

План и програма

ПРВ ДЕН (23.05.2025) Петок

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:55. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.

ВТОР ДЕН (24.05.2025) Сабота

По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. Пешачкиот разглед го започнуваме од дворецот Белведере, импозантен дворец изграден по нарачка на кралицата Марија Тереза, со својата бела боја на фасадата го добива и самото име Белведере. Од предната и задната страна на дворецот се направени едни од најубавите градини во светот, кои се користеле за прошетки, балови и уживање од страна на кралското семејство. Од таму, се упатуваме кон центарот на Виена, или познатиот РИНГШТРАСЕ. Ја посетуваме катедралата Карлсрихе (св. Чарлс), една од поголемите барокни цркви, продолжуваме кон истоимениот плоштад, Карлсплац каде се наоѓа и познатата Виенска Опера. Се упатуваме кон дворецот Хофбург, првиот и главен дворец во Империјата на Австрија. Огромно здание во централнииот дел на Виена, со прекрасен парк, прекрасна фасада, специјална покриена градина каде се одгледуваат растенија од целиот свет. Разгледот продолжува низ тесните улички на строгиот центар на Виена кон завршната точка на Штефанплац, каде се наоѓа една од најголемите Готски катедрали во светот, св.Стефан. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.

ТРЕТ ДЕН (25.05.2025) Недела

По појадокот во хотел, започнуваме со посета на централниот дел на Братислава. Братислава е еден од најшармантните главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, град во кој се одвивале сите крунисувања на големите императори на Австро Унгарија. Разгледот го започнуваме пред националниот Словачки театар, изграден кон крајот на 19ти век, кој е изграден во нов и уникатен архитектонски стил. Разгледотт го продолжуваме кон главниот плоштад на Братислава, каде што се наоѓа градската палата, познатата кардиналска палата, Максимилијановата фонтана, скриените пасажи низ старите улички, портата на св.Михаил, една од најобезбедените порти во светот, позната како Барбакан. Продолжуваме кон Готската катедрала св. Мартин, која го краси градот со својата златна кула, еден од највисоките покриви на градот. Разгледот го завршуваме на ридот каде што е изграден замокот на Братислава, каде може да уживаме во еден од најубавите видиковци на реката Дунав. По разгледот, можност за организиран факултативен ручек во уникатна братиславска пивница. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:10. Пристигнување во Скопје во 00:40.

Сместување

Хотел 3*

Хотелот се одредува на 2 дена пред поаѓање.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Доплата за еднокреветна соба 80 евра

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

599

EUR

сега од

549

EUR