Menu

Бари во Октомври 17.10-20.10.2026

цена од

379

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
17.10.2026
20.10.2026
Авион
Хотел

Бари, по големина е деветти град во Италија и е  главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано ги привлекувале верниците. Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

Што е вклучено во цената

  • Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Директен лет на релација Скопје –Бари -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром БАРИ – хотел – аеродром БАРИ
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
  • Туристичка такса 5е од ноќ
  • Посета на Алберобело
  • Посета на Матера
  • Посета на Полињано а Маре

План и програма

ПРВ ДЕН 17.10.2026 СКОПЈЕ - БАРИ

Состанок на групата на Скопскиот аеродром  во 19:45ч.Полетување кон Бари   21:55ч.По слетување во Бари,трансвер кон хотел ,сместување и ноќевање.

ВТОР ДЕН 18.10.2026 БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-БАРИ

Појадок, се упатуваме  на целодневна екскурзија во Алберобело кое е познато по своите  традиционални куќи  кои претставуваат еден од најголемите  безвременски  примери на италијанската  народна архитектура.Локалните жители граделе ”трули” уникатни привремени куќи изградени  од камен.Прооцесот  на трансформација  и  обновување ,како и оргиналсноста на работа ,им обезбеди  на овие  згради  признавање на УНЕСКО како сдетско  наследство.Прошетка низ неколкуте  населби каде се наоѓа  најголемата концентрација  на Трули ,најголемата  Trullo  Sovrano ,poznata Oпштинска зграда ,неверојатниот видиковец  на квартот  на Трули, и секако специфичната катедрала  Сан Антонио,која  е изградена во истиот стил како и околните куќички .По прошетката ,следува слободно време ,за ручек ,аперитиво  и секако џелато .Во договорено време ,се упатуваме кон Бари .Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 19.10.2026 БАРИ-МАТЕРА-БАРИ

Појдок се упатуваме на целодневна  екскурзија во Матера .Градот Матера,кој беше европска престолнина на културата во 2019г ,стана познат во Италија по својот стар град,по познатите Саси ди Матера .Прошетката започнува на плоштадот Виторио Венето,движејќи се низ малите сокаци и скалите низ населбите кои се викаат  Саси,ќе ги видиме  и познатата Базилика  Дева Марија ,која е изградена од локалниот камен ,пештерската црква  св.Марија ,познатата шопинг улица  Corso ,Поради зачуваниот стар град ,кој поради неговите карактеристики  се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.Денешниот град брои  околу 60.000жители а интересно е што многу локални жители  живеат  во нивните домови  на предци  кои биле изградени  пред повеќе од 9,000 години.Благодарение на својата локација,Матеро го зачувала  стариот  низ вековите .Слободно време .Враќање во Бари .Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 20.10.2026 БАРИ-ПОЛИЊАНО А МАРЕ-БАРИ-СКОПЈЕ

Појадок .Напуштање на собите,и одјавување од хотелот.Во утринските часови  се упатуваме кон едно од најпознатите  летувалишта во близина на Бари,Полињано а Маре.Специфичната  локација  е местото  каде се наоѓа најпознатите плаж,и во регионот ,и местото каде водата е најчиста,благодарение на карпите  кои се направени од камен  Варовник, и придонесуваат за неверојатната тиркизна боја на Јадранското море .Овој град е изграден на самата карпа .Слободно време од неколку часа за прошетка низ градот .Се враќаме во Бари ,и прошетка низ историскиот дел  на Бари ,каде што се наоќа базиликата  Св.Никола,каде што се наоѓаат и моштите на истоимениот  светец.Ќе ги видиме  и норманскиот замок Свево и секако познатите баби  кои на улица ги прават познатите тестенини  Orecchiette.Слободно време за индивидуалнни активности.Во договорено време ,трансфер од хотелот до аеродром .Полетување за Скопје 22:40ч.

 

Сместување

Хотел 3*

Важно

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
  • За еднокреветна соба се доплаќа 120 евра
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. EСКЕЈП ТРАВЕЛ
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Алберобело,Матера и Полињано а Маре

Цена за пакет: 50е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања