Menu

Бари-Италија во септември 2025

цена од

599

EUR

сега од

499

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
20.09.2025
23.09.2025
Авион
Хотел

Бари, по големина е деветти град во Италија и е  главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекувале верниците.Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

Што е вклучено во цената

  • Автобуски трансфер  Скопје – Tирана – Скопје
  • Директен лет на релација Тирана –Бари -Тирана
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродромБАРИ – хотел – аеродром БАРИ
  • Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Факултативна посета на ПОЛИЊАНО, АЛБЕРОБЕЛО и ОСТУНИ
  • Факултативна посета на МАТЕРА и АЛТАМУРА со  водич и трансфер

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

План и програма

ПРВ ДЕН 12.09.2025 СКОПЈЕ - ТИРАНА - БАРИ

Состанок на групата пред хотел Русија во договорено време. Организиран трансфер до Тирана-на аеродром. Полетување кон Бари  во 22:00 часот. По слетувањето во Бари, поаѓање кон хотел, сместување и ноќевање.

ВТОР ДЕН 13.09.2025 2 БАРИ - ПОЛИЊАНО - АЛБЕРОБЕЛО - ОСТУНИ - БАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за одење на факултативна екскурзија до приморскиот град Полињано, кој во 2016 година беше прогласен за една од петте омилени летни дестинации на Италијанците. Продолжете со патувањето до Алберобело, кое е познато по своите традиционални куќи (трули) кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители дојдоа до идеја да изградат Трули, уникатни привремени куќи изградени од камен. Процесот на трансформација и обновување, како и оригиналноста на работата, им обезбеди на овие згради признавање на светското наследство. Шетање низ градот со водич, проследено со слободно време. Продолжете со патувањето до Остуни – живописен, средновековен град кој е препознатлив како белиот град, познатата La Città Bianca, која својот прекар го должи на белата архитектура. Највисоката точка на градот е катедралата, изградена во 15 век, во доцниот готски стил. Духот на средниот век се чувствува на секој агол. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 14.09.2025 3 БАРИ - МАТЕРА - АЛТАМУРА - БАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за одење на факултативен излет до Матера. Возејќи низ живописното село до градот Матера, кој беше европска престолнина на културата во 2019 година, овој град стана познат во Италија по својот стар град, Саси ди Матера (Камења на Матера). Посетете го стариот град, кој поради неговите карактеристики е на листата на светско наследство на УНЕСКО. Денешниот град брои околу 60.000 жители, а интересно е што многу локални жители живеат во нивните домови на предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата локација, Матера го зачувала стариот изглед низ вековите. Слободно време. На враќање, кратка посета на градот Алтамура, познатиот град на лебот. Разглед на стариот центар на градот, кратко слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 15.09.2025 БАРИ - ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и одјавување од хотелот. Пешачка обиколка на градот со, катедралата Света Сабинија, базиликата Свети Николе, норманскиот замок Свево, стар град. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Директен лет за Тирана со Wizz во 23:20 часот.

Сместување

Хотел 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

 

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 22 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. EСКЕЈП ТРАВЕЛ

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

399

EUR

сега од

359

EUR

цена од

509

EUR

сега од

429

EUR

цена од

509

EUR

сега од

459

EUR