Menu

Велигден во Прага

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.04.2022
24.04.2022
Автобус
Хотел

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата  архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…

Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна).  Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во Прага во хотел со 3*
  • Посета на трговски центар
  • Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Разглед на Прага со локален водич (10еур)
  • Факултативно крстарење по В’лтава (20 еур)
  • Факултативна посета на Карлови Вари (25 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан-пивница (35 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 210 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 30еур

План и програма

ПРВ ДЕН (21.04.2022) ЧЕТВРТОК

Состанок на групата на Дрво Декор во 13.00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Р. Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности

ВТОР ДЕН (22.04.2022) ПЕТОК

Dobrý den! Добредојдовте во златниот град! Почеток со  официјалниот разглед на најпознатите атракции и знаменитости во Прага, со лиценциран локален водич:

Калето каде е сместен Прашкиот Дворец во кој се сместени официјалната резиденција и канцеларија на претседателот на Чешката Република. Во дворецот има црква, дворските градини, коњушницата и секако војниците кои несмеат ниту да трепнат пред шармантните насмевки на туристите. Според Гинисовата книга на светски рекорди овој дворец е најголемиот во светот како кохерентен комлекс на замоци со околу 70,000м2 површина. Секако дека е заштитен и од УНЕСКО како место со светско наследство. Продолжуваме кон римокатоличката катедрала св. Витус, во која може да се влезе слободно и по желба. Катедралата е одличен пример на готската архитектура и седиште на главниот бискуп. Во неа се сместени и гробниците на многу бохемиски кралеви и римски императори – што ја прави најголемата и најважна црква во земјата. По пат кон разгледната точка над Прага, идеална за групни фотографии ги сретнуваме и базиликата св. Џорџ и музејот на играчки. Од видиковецот се спуштаме низ паркче до малиот плоштад познат како прашка Венеција и стигнуваме до фамозниот Карлов мост на реката Влтава кој не спојува со стариот град. Низ тесните шармантни улички полни со продавници за сувенири стигнуваме до третиот најстар Астрономски часовник во светот, а последен кој сеуште работи. Секако зад неговата градба стои историска приказна за паметење. Следна дестинација е главниот плоштад каде завршува пешачката зона и каде е време да се дегустираат чешките колбасици и пиво за многу пристојна цена- мини ручек со поглед на Националниот музеј каде што првиот дел на официјалниот разглед завршува. Слободно време за индивидуални активности.

Сместување во хотел.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (23.04.2022) САБОТА

Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти век.

Овој град се наоѓа на околу 130 км од Прага, истиот го добил името по Бохемискиот Крал Карло 4ти. Овде имаме можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка” кои може да ги вкусите или да ги купите како подарок за некој од вашите блиски. Враќање во Прага во попладневните часови.

Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава  можност да уживаме во Прага на еден поинаков начин, да го погледнеме градот од друг аспект.

Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (24.04.2022) НЕДЕЛА

Појадок. Одјавување од хотел и посета на трговски центар. Слободно време за шопинг и во попладневните часови поаѓање кон Македонија.

Ноќно возење преку Унгарија и Србија со кратки попатни паузи.

Пристигнување во Скопје следниот ден (24.04-Понеделник) во попладневните часови.

Сместување

Хотел со 3*

Хотелот се одредува кога ќе се затвори продажбата најдоцна на два дена пред поаѓање.

Цени

Од

21.04.2022

До

24.04.2022

Промо цените важат до 04.04.2022

Цена

159 EUR

Промо Цена

139 EUR

Важно

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна). Важност на пасошот мин.90 дена од денот на враќањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За влез во Чешка потребен е сертификат за вакцијација (признаени вакцини Фајзер, Астра Зенека, Модерна или Џонсон и Џонсон); негативен ПЦР тест не постар од 72 часа
  • За влез во Македонија, за лица над 18години, потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген тест (не постар од 48часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Разглед на Прага со локален водич

Цена за пакет: 10€

Крстарење по В’лтава

Цена за пакет: 20€

Факултативен излет до Карлови Вари

Цена за пакет: 25€

Вечера во национален ресторан-пивница

Цена за пакет: 35€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања