Menu

PERRE LA MER HOTEL

Авион

ОД 1015 EUR

Локација: Хотелот се наоѓа во Кемер. Приближно е 50км од аеродромот во Анталија. 7kм од центарот на Кемер.
Сместување: Вкупниот број на соби е 320. Сите соби се опремени со балкон, тоалет со када или туш кабина, фен и козметика, клима уред, мини бар (со вода и сокови), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, под од ламинат или тепих. Типови на соби: стандардни соби (24м2), макс. 2+1 лицa, фамилијарни соби (38м2), макс. 2+2 лица, соби за лица со посебни потреби.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, 2 а ла карт ресторани (рибен и турски), лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, витамин бар, диско клуб. Интернет и компјутерски игри, менувачница, доктор, бебиситер, сервис за перење, телефон, факс, рент а кар. WI FI интернет бесплатно во лоби.
Услуга: Ultra All inclusive (ултра се вклучено), шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера. Попладневна кафе и чај ужинка, колачи, полноќна ужина. А ла карт ресторан, еднаш за време престој со однапред резервација. Локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 10-24ч, сладолед. Со доплата: Увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и свежо цедени сокови. Услуга во соба, пијалоци во диско.
Плажа: На плажа. Хотелска приватна плажа (мешана со песок и камчиња) со бесплатни чадори, лежалки и пешкири. 
Спорт и забава: Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, тобогани за деца, тениски терени, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, пинг понг, мини голф. Мини клуб за деца 04-14г, детско игралиште. Анимација и спортови во текот на денот, програми навечер. Со доплата: СПА и велнес центар, спортови на вода, билијард, осветлување на тениски терени и опрема… 
– ГРАТИС сместување на едно дете до 12 години 
Веб страна: http://www.perrelamerhotel.com/

Галерија

Локација

Слични патувања