Menu

Perre Art Hotel Resort & Spa

All Inclusive

ОД 826 EUR

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 6 км од центарот на Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 390 соби.
Стандардни Соби: (20м², една спална, купатило, макс.2+1 лица).

Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима која работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода и негазирани пијалоци при пристигнување, подоцна е дополнува само вода), сеф, керамички под, LED TV со сателитска програа и музички канали.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневна ужина, чај, кафе, колачи, полноќна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни појалоци од 10.00 – 23.00 часот, сладолед во одредено време, снек ресторан и бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, наргиле, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.

Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани – рибен ресторан, турски ресторан, ужина на плажа, бар на базен и лоби бар, диско. Доктор, чување на деца, перење и сушење алишта, шопинг, телефон, факс, компјутерски игри и интернет кафе, фризер се доплаќа. Интернет со ниска брзина има во лоби барот и не е доплаќа.

Плажа
Хотелска приватна плажа, камчеста и песоклива, лежалки за сонце, чадори и пешкири не се наплаќаат. Павиљоните се до доплата и со претходна резервација.

Спорт и забава
Отворени базени за деца и возрасни, тобоган, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениско игралиште, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, масажа и центар за убавина, осветлување за тениските терени, часови по тенис, игротека. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и плажа, шоу програми во текот на вечерта. Мини клуб за деца од 4-11 години, игралиште и мини диско.

 

Локација

Видео

Слични патувања